Достапни линкови

Можен ли е компромис за името?


Грчкиот шеф на дипломатијата Дора Бакојани и медијаторот Метју Нимиц
Грчкиот шеф на дипломатијата Дора Бакојани и медијаторот Метју Нимиц

Експертите предупредуваат дека мора придавките на името Македонија може да ги проблематизираат употребата на македонски јазик и идентитетот на народот. Според нив, Грција ќе настојува да го проблематизира насловувањето македонски народ

Рестартот на преговорите околу името ги вратија дилемите дали компромисот ќе ги зафати или проблематизира придавките македонски јазик и идентитет на народот. Иако информациите се скудни што содржи модицифираниот октомврски пакет на идеи за решавање на спорот деновиве дел од експертската јавност предупредува дека Грција грчевито ќе настојува со промената на името да се проблематизираат и насловувањето македонски народ. Позната универзитетска професорка по историја на стариот Исток и Стара Грција, Нада Проева ја запрашавме како би го определила идентитетот на еден народ...

„Идентитетот е чувство на секој народ на секој поединец така што е надвор од умот некој да ви го одредува идентитетот и именува а ние прифативме да разговараме за тоа односно нашите политичари. Значењето на името нема врска со правото да го носиш тоа име“.

Медијаторот Нимиц, при својата последен посета на Скопје рече дека само името и единстевно име е цел на преговори, додека дражавното раководство се сомнева дека зад преговорите околу името се крие нешто подлабоко, јазикот и идентитетот.

„Да. Точно е тоа. Ако оваа земја и овој народ има идентитет и јазик тој ако е веќе формиран идентитет и јазик тој значи има име и нема што сега во втора фаза ќе се дефинирало. Навистина со огромно потценување не третираат тие светски политичари а за жал нашите политичари тоа го трпат, го голтаат.“

Професор Проева, што за научната јавност би било прифатливо решение околу овој грчко македонски спор?

„Проблем нема. Не може вие да имате проблем со вашето име и погрешно се преставува грчко-македонски спор. Каков спор? Меѓутоа, проблем има Грција со нашето име, со тоа што не може да ја прифати реалноста, со тоа што не може да ја прифати својата улога во современата историја, во својата улога кон Македонија и македонскиот народ и според мое мислење чесно решение како што вели нашиот Претседател не може да има затоа што Грција никогаш нема да прифати и не може да прифати македонски народ затоа што треба да признаа дека направила асимилација. Или ние ќе прифатиме да се обезличиме што е надвор од умот, што мислам дека овој народ не може да прифати или решение на проблемот нема да има“.

Прашање: Како го оценувате ставот на државниот врв дека се залага закомпромис?

„Со невешто водење на разговорите ние дојдовме до таму што сега мораме да прифаќаме некааков си компромис. Меѓутоа, ние се разликуваме од грчката област и покраина со тоа што сме држава. Ние се викаме „Република Македонија“ а не „Македонија“ веќе ние имаме во нашето име дистинкција. Според мое мислење, некоја додавка од назад бидејќи знаете ако речете: „Република Северна Македонија, автоматски сте северномакедонци и северномакедонски јазик. Друго е „Северна Република Македонија“, тогаш зборот се однесува на „република“ на државата а не на народот. Ако речете
„Република Северна Македонија“ тогаш е на народ, јазикот на идентитетот. Тоа се многу суптилно работи. Јас не знам, дали некои размислува од нашиве политичари на тоа.

Како го оценувате водењето на преговарачкиот процес од страна на македонските власти?

„Кога дојдовме до таму да ни се поставуваат вакви услови, да се отворат прашањето на идентитетот, за јазикот, тогаш значи дека невешто го водиме. Ние единствено и на најкултурен начин се одделивме од Југославија и сега доживеавме да не уценуваат“, вели за Слободна Европа Наде Проева, универзитетски професор.
XS
SM
MD
LG