Достапни линкови

4 докажани случаи на новиот грип во Македонија


Министерството за здравство денеска доби потврда од лабораторијата во Лондон за четврти пациент заболен од новиот грип од типот А (Х1Н1). Пациентот бил примен на Инфективната клиника во Скопје пред неколку дена, веднаш е отпочната терапија со лекот тамифлу, неговата здравствена состојба е добра и е пуштен на домашно лекување. Со овој случај во Македонија веќе има четири докажани случаи на вирусот тип А (Х1Н1) од кои тројца се веќе пуштени во домашни услови како целосно излекувани, а еден се уште е на Клиниката за инфективни болести. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани осум случаи, а се чекаат лабораториски анализи за пет од нив.
XS
SM
MD
LG