Достапни линкови

Славевски: Образложението на Груевски неуверливо


Собраниска сала

Собраниска сала

Министерот за финансии Трајко Славевски го оцени образложението за негово разрешување на премиерот како неуверливо. Тој рече дека е потребен итен ребаланс и кастрење на сто милиони евра трошоци во буџетот

Како неуверливо, министерот за финансии Трајко Славески го оцени образложението на премеиерот Никола Груевски за негово разрешување. Славески е единствениот министер што не поднесе оставка, туку, премиерот Никола Груевски го разрешува.
Не сакав да си поднесам оставка во овој момент, затоа што не гледам за тоа некоја посебна причина или потреба. А, покрај другото требаше да се мачам со составување на смешно кратко или подолго неуверливо образложение за мојата оставка.
Славески го искористи деловничкото право од 15 минути, да им се обрати на пратениците и да каже нешто во своја одбрана.

„Не сакав да си поднесам оставка во овој момент, затоа што не гледам за тоа некоја посебна причина или потреба. А, покрај другото требаше да се мачам со составување на смешно кратко или подолго неуверливо образложение за мојата оставка. Јас не можам тоа да го направам. Трето, наводите за моето разрешување во образложението на предлагачот во најмала рака неуверливи, неа дополнителен поттик за денес да застанам пред вас и пред македонската јавност.“

Славески рече дека би сакал да ги дознае „вистинските причини“ за негово разрешување со кое, според него се праќа лош потег до домашните и страсни институции, за да заврши со барање итен ребаланс на буџетот.

„Потребен е итен ребаланс на буџетот на Република Македонија. Потребно е да се скратат, итно да се скратат шест милијарди денари, односно сто милиони евра. Почитувани пратеници, поддржете го премиерот во тоа. Не чекајте до септември, направете го тоа до крајот на месецов. Затоа што сигурноста што сега ја обезбедивме ќе ја немаме во септември.“

Во трииполминутното образложение за разрешувањето, претходно, премиерот Груевски рече дека тоа е потребно, за да се зајакне капацитетот на министерството за финансии.

„Покрај позитивните проекти, имаше и ситуации за кои подолг период и често како премиер укажував дека може многу подобро да се организираат, да се спроведат или координираат. Цврсто верувам дека организирањето и раководењето на министерството за финансии може да се зајакне.“

По излагањата на премиерот и на министерот за финансии, собранието отвори расправа за работата на министерот. Пратениците од опозицијата го искористија правото на збор за да ја критикуваат економската политика на владата во целина, а не само на министерот.

„Тој е кабает, а вие господине Груевски треба да одговарате, бидејќи ресорот финансии е под директна контрола на премиерот на Република Македонија,“

рече пратеникот Игор Ивановски од СДСМ. Во одбрана на владините политики се јави пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ваква ситуација, имаме пад од еден процент, а ако имавме некоја друга влада и други тројца премиери коишто ги видовме пред премиерот Груевски ние до сега ќе имавме и девалвација и инфлација и пад на економијата. А, замислете каква ќе беше ситуацијата да имавме таков пад.“

Премиерот Груевски го предлага вицепремеирот Зоран Ставрески за нов министер за финансии, иако Ставрески ќе остане и потпретседател на Владата. Образованието му се доверува на досегашниот директор на скопски катастар Никола Тодоров, а нов министер за земјоделство ќе биде Љупчо Димовски. Перица Ивановски треба да биде негов заменик, на местото на досегашниот Кристијан Делев. Директорот на СЕАФ-фондот, Владимир Пешевски и професор Васко Наумовски се предложени за вицепремиери задолжени за економија и за евроинтеграции.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG