Достапни линкови

Измени во законот за домување


Згради во изградба
Згради во изградба

Според новиот предлог закон зградите ќе работат како фирми, а регулаторна комисија ќе ги штити правата на граѓаните. Опозицијата има забелешки на предлог законот

Наместо домари и куќни совети ќе има управители и заедница на сопственици. Зградите ќе работат како фирми,а ќе има и регулаторна комисија која ќе ги штити правата на станарите. Овие се само дел од предвидените измени во законот за домување, за кои сеуште се расправа во собранието. Предлог законот уште не донесен ги раскараа соседите кои живеат во згради. Тие велат дека неможат да се согласат ни сијалица да сменат, а камоли да си ги делат трошоците. Предлагачите на измените велат дека изготвиле закон по европски терк, а опозицијата има сериозни забелешки на некои членови од законот. Станарите се надеваат дека новите измени нема да им ги зголемат трошоците за кои велат дека и досега биле големи.

„Ако се функционира како што треба зошто да не? Но, да давам 500 денари без да се мрдне со прст, не би сакал, ако се е ок, и илјада денари не е проблем.“
„Зошто да се караш? Зошто да си фрлаш од горе со ѓубре, сега вака ќе го тужиш ако не плаќа и ќе оставиш некој трет да ја реши работата.“

Управителите ќе се грижат се да биде во ред, а станарите треба само да ги навремено да ги плаќаат договорените надоместоци. Ако сопственикот на стан не сака да уплати пари во фондовите, управителот ќе поведе постапка за наплата пред надлежниот суд и за тоа ќе ги извести овластениот инспектор за домување и општината., објаснува Љубиша Јовановски, раководител на секторот за домување при Министерството за транспорт и врски.

„Комунален општински инспектор има надлежност и едноставно се пиштува казна за такво нешто. Ако се работи за социјален случај, тогаш државата одвојува во овој фонд.“

Опозицијата имаше неколку забелешки при читањето на законот во собранието.

„За се треба да се тужи и ќе дојдеме во ситуација секој со секого да се тужи во зградата.“

вели пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.

Законот предвидува сопствениците на станови кои нема да ги плаќаат редовно трошоците да бидат казнети со глоба од 300 евра. Управителот кој нема добро да си ја извршува работата ќе треба да плати казна од 700 евра,а доколку и регулаторната комисија не си ја работи својата работа палти 800 евра.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG