Достапни линкови

logo-print

Етнички тензии во кинеската провинција Синџијанг


И покрај наредбата на кинеските власти некои од џамиите во западниот регион Синџијанг се отворија за верниците кои се собраа во голем број барајки нивно отворање. Наредбата доаѓа по неделата на етнички насилства во кои загинаа 156 луѓе. Агенциите од главниот град Урумчи јавија дека на муслиманските верници им било кажано да се молат дома. Денеска се очекува да бидат соопштени казните за лицата вклучени во насилствата кои избувнаа неделава меѓу ујгурската муслиманска заедница и Хан Кинезите, кои се доминантна етничка група. Со цел смирување на ситуацијата во таа област, безбедносните сили воведоа засилена контрола, а се верува дека стотици лица се приведени.
XS
SM
MD
LG