Достапни линкови

Атина сака решение за името за севкупна употреба


Атина сака реално решение за името на поранешната југословенска Република Македонија решение кое е спроведливо во практика и кое ќе важи за сите. Ова во обраќање пред членовите на Постојаниот комитет за национална одбрана и надворешни работи на Грција го изјави шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани.
Според атинскиот весник Навтемборики, македонските власти сакаат во решението за спорот да нема препорака за државите кои веќе ја имаат признато Македонија под уставното име, да го прифатат новото договорено име на земјата.
XS
SM
MD
LG