Достапни линкови

logo-print

Собранието за оставките во Владата


Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски за 11 часот ја закажа седницата на Парламентот на која треба да бидат разрешени членовите на Владата кои си поднесоа оставки или беа сменети, и да бидат наименувани нови. Оставки поднесоа министрите за образование и за земјоделство, Перо Стојановски и Ацо Спасеноски, а претходно минатата недела и вицепремиерот Ивица Боцевски. Како што беше најавено од Владата, сменет ќе биде и министерот за финансии Трајко Славески. Досегашниот директор на Скопски катастар Никола Тодоров ќе биде нов министер за образование, Зоран Ставрески, кој беше потпретседател на Владата, ќе биде предложен за нов министер за финансии. Васко Наумовски ќе биде новиот вицепремиер за европски прашања, а за економија Владимир Пешевски, досегашен директор на СЕАФ Фондот. За министер за земјоделство е предложен Љупчо Димовски, досегашен заменик- министер за транспорт и врски.
XS
SM
MD
LG