Достапни линкови

logo-print

Нов контингент на АРМ во Авганистан


Од касарната Михаило Апостолски во Охрид денеска ќе биде испратен контингент на АРМ од составот на 2- та механизирана пешадиска бригада, кој ќе учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста по повод испраќањето на контингетот на АРМ ќе присуствуваат Претседателот на РМ и Врховен командант на Армијата Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Во седмата ротација на ИСАФ, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Авганистан ќе заминат 149 мировници кои заедно со националниот претставник и тројцата штабни офицери ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. Во наредните шест месеци тие ќе ги извршуваат задачите во рамките на контигентот на Армијата на Обединетото Кралство.
XS
SM
MD
LG