Достапни линкови

logo-print

Самит во Дубровник за развојот на Западен Балкан


Во Дубровник, Хрватска, продолжува Самитот за европската перспектива на Западен Балкан, на кој денеска ќе се разговара за економскиот развој во регионот, новите вложувања, соработката во енергетиката, како и за проширувањето на НАТО и Европската Унија на југоистокот на Европа. Шефот на шведската дипломатија Карл Билт, чија земја е претседавач на ЕУ, синоќа изјави дека визијата на слободна и демократска Европа се однесува на целиот континент и оти југоисточна Европа може да смета на помошта и поддршката на Шведска на европскиот пат. На самитот учествуваат шефови на држави или влади и високи функционери на европските и северно американските држави, меѓу кои и македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG