Достапни линкови

Затворени џамиите во кинескиот регион Синџијанг


Кинеските официјални претставници соопштија дека издале наредба џамијата во западниот регион Синџијанг денеска да остане затворена за верниците, по неделата на етнички насилства во кои загинаа 156 луѓе. Агенциите од градот Уруми јавија дека вообичаените верски обреди се суспендирани, а на мулсиманските верници им било кажано да одржуваат молитви дома. Кинеското државно раководство побара да бидат казнети лицата кои биле вклучени во насилствата кои избувнаа неделава меѓу ујгурската муслиманска заедница и Хан Кинезите, кои се доминантна етничка група. Со цел смирување на ситуацијата во таа област, безбедносните сили воведоа засилена контрола, а се верува дека стотици лица се приведени.
XS
SM
MD
LG