Достапни линкови

logo-print

Разрешување и именување министри во Собранието


Салата во Собранието на Република Македонија

Салата во Собранието на Република Македонија

Денеска во 11 часот Собранието треба да расправа за разрешувањето и именувањето на министри во Владата. Разрешениот министер за финансии Трајко Славевски најави искористување на можноста за изјаснување по предлогот за неговото разрешување

Во четири ресори во владата треба да бидат разрешени и именувани нови членови кои си поднесоа оставка или беа сменети во последните неколку денови. На утрешната седница на Собранието министерот за финансии Трајко Славевски кој кaко што беше нaјвено од владата ќе биде сменет, наведува дека ќе ја искористи деловничката можност и ќе се изјасни по предлогот за разрешување од претседателот. Тој вели дека четирите ресори не останале без првите луѓе туку дека се правата промени со модел оствка и разрешување, а потоа поставување нови министри.

Министерот за финансии Трајко Славевски
Според професорот Живко Андревски промените во владата може да се толкуваат како самокритично приспитување во рамки на владата, но и како можност за соочување со тоа што владата како политика во рамки на изборната кампања а подоцна и како владина концепција недоволно успешно го остврува во тие сектори а веројатно и за други сектори
Можно е уште еден два ресори и натаму да се променат, но не мислам дека се работи за криза


„Новите позиции тешко дека ќе постигнат квалитетен резултат од проста причина што основниот пристап нема многу да се промени. Политиката на владата е концепирана од претседателот на Владата.“

Оставки поднесоа министерот за обарзование и земјоделство а претходно минатата недела и вицепремиерот за евроинтеграции. Политикологот Никола Сталевски не смета дека се работи за криза во полтиката на влдата туку дека чекорите што се случуваат се последица на претходните критики во јавноста за работатата во овие ресори и дека во тој правец коалициските партнери во владата се договараат и преземаат чекори што да правата.

„Можно е уште еден два ресори и натаму да се променат, но не мислам дека се работи за криза.“

Министерот за образование Перо Стојановски
В.Д. државниот сектретар во секртарјатот за евро интеграции Перо Димшовски претходно предупреди дека во моментот сме во сотојба во која полека ги губиме шансите и сами си ги затвораме вратите за почеток на преговорите со ЕУ, изјавувајќи дека оставката на вице приемерот Боцевски ја разбира зошто тој напрвил колку што му било дозволено да сработи

„Затоа јас велам, сега не само што ни треба вице премиер за евро интеграции, туку и премиер за евро интеграции.“

Во политиката има смени и реформи и истите се во интретсен на пофикасна влада комнтира Тахир Хани од ДУИ која е еден од колициските партнери:

„Не би рекол дека има криза, има реформа, за една постабилна и поуспешна влада“

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски за утре во 11 часот ја закажа седницата на Парламентот на која треба да бидата разрешени и именуавни членовите на владата кои си поднесоа оставки или беа сменети.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG