Достапни линкови

Иранската полиција растури комеморативен собир во Техеран


Иранската полиција со фрлање солзавец го растури денешниот собир на стотици иранчани кои се собраа да ја одбележат годишнината од крвавите студентски протести од 1999 година. Насобраните извикуваа „смрт за диктаторот“ додека се движеа кон универзитетот во Техеран каде пред десет години еден студент беше убиен а десетмина беа ранети за време на протести.
XS
SM
MD
LG