Достапни линкови

logo-print

Внатрешно раселените лица во Пакистан ќе се враќаат дома ?


Премиерот на Пакистан изјави дека над 2 милиони внатрешно раселени лица кои избегаа од северозападниот дел на земјата поради нападите против талибанците, од идната недела ќе можат да се вратат дома. Изјавата на Премиерот Јосуф Раза Гилани доаѓа еден ден по посетата на Генералниот секретар за хуманитарни работи на ОН Џон Холмс кој апелираше до пакистанските власти да обезбедат соодветни услови за живот за раселените лица.
XS
SM
MD
LG