Достапни линкови

Средба на државниот врв- прифатливо решение, па референдум


Македонија останува посветена да се најде решение прифатливо за македонската и за грчката страна, за кое граѓаните на Република Македонија би се изјасниле на референдум, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на РМ Ѓорге Иванов, по средбата на македонскиот државен врв на која се дискутираше за последните измени предложени од посредникот Метју Нимиц. Од кабинетот известуваат дека државниот врв внимателно ги разгледал предлозите и барањето на Нимиц. На средбата, што ја свика шефот на државата Ѓорге Иванов, присуствуваа претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаќим Адеми, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и специјалниот пратеник на Претседателот во разговорите за името Зоран Јолевски. Било договорено државниот врв да одржи и други дополнителни средби и координации за допрецизирање на натамошните чекори.
XS
SM
MD
LG