Достапни линкови

Две експлозии во Ирак, 16 загинати


Најмалку 16 цивили загинаа, а дваесетина се ранети во два одвоени напада во Ирак, соопштуваат ирачките власти. Луѓето загинале при експлозии на автомобили во две шиитски села во областа Мосул. Првата експлозија во која загинале 9 луѓе, се случила во близина на селската џамија а вториот напад бил во една трговска улица. Мотивите за нападите суште не се знаат, но властите претпоставуваат дека се работи за етничка нетрпеливост. Во тој регион тензиите меѓу Курдите, Туркмените и Арапите се на високо ниво и постојано се засилуваат, оценуваат ирачките власти.
XS
SM
MD
LG