Достапни линкови

Чешка по долго одлагање пристапи кон Меѓународниот кривичен суд


Чешкиот претседател Вацлав Клаус по долго одлагање го потпиша таканаречениот Римски статут, со што Чешка стана последната земја- членка на ЕУ која пристапи кон Меѓународниот кривичен суд. Иако Чешка статутот го потпиша уште во 1999-та, парламентот се до октомври минатата година одбиваше да го ратификува, затоа што беше спорно дали изведувањето на чешки државјани пред тој суд е во склад со уставот на земјата. Заради непризнавањето на меѓународниот кривичен суд, Чешка често беше на удар на жестоки критики не само од ЕУ, туку и од Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG