Достапни линкови

„Компјутерски напад“ врз американски цели


Белата куќа, Пентагон и њујоршката берза биле цел на компјутерски напад, соопштуваат светските агенции. Со помош на специјален „злонамерен“ софтвер, биле нападнати и американската Агенција за национална безбедност, Стејт Департментот, и весникот Вашингтон пост. Со нападот е оневозможен јавен пристап кон сајтовите кои биле на мета на напаѓачите. Нападите започнале на 4-ти јули, на денот на американскиот национален празник- Ден на независноста. Сеуште не се знае кој стои зад нападите.
XS
SM
MD
LG