Достапни линкови

Делумно нов состав на македонската Влада


Владата на Република Македонија во иднина ќе работи со делумно нов состав, по оставките и смените на неколку министри и нивни заменици. Досегашниот директор на Скопски катастар Никола Тодоров ќе биде нов министер за образование и наука, на местото на Перо Стојановски, кој вчера си поднесе оставка. Зоран Ставревски останува потпретседател на Владата, но ќе биде и нов министер за финансии на местото на Трајко Славевски, соопштија од владината прес служба. Нов вицепремиер за економија ќе биде Владимир Пешевски, досегашен директор на СЕАФ Фондот. Оставка денеска поднел и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеновски. Оваа функција ќе ја преземе неговиот сопартиец Љупчо Димевски, досегашен заменик министер за транспорт и врски. Перица Иваноски ќе биде заменик на Димевски, функција што до вчера ја извршуваше Христијан Делев
XS
SM
MD
LG