Достапни линкови

Нимиц оптимист и по разговорите во Атина



Специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Метју Нимиц, денеска во Атина изрази оптимизам дека спорот меѓу Македонија и Грција за името може да биде решен. Убеден сум, повеќе од кога било досега, дека решението е поблиску, иако не верувам во крајни рокови, изјави Нимиц по средбата со грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани. Нимиц ни во Атина не изнесе детали во врска со понудените измени на предлогот од октомври, кој според медиумите и во Македонија и во Грција, е името Република Северна Македонија.
XS
SM
MD
LG