Достапни линкови

Почна самитот на Г8


Лидерите на групата на осумте индустриски најразвиени земји во светот го почнаа првиот состанок во Итралија денеска. Американскиот претседател Барак Обама им се придружи на лидерите на деловниот ручек пред состанокот. На тридневниот самит кој се одржува во градот Лаквила ќе се дискутира за глобалната економска криза. Во четврток на самитот ќе се приклучати и Бразил и Кина кои заедно со Русија ќе побараат присвојување на девиза за резервите на земјите која ќе го замени американскиот долар.
XS
SM
MD
LG