Достапни линкови

Решението е поблиску од кога било досега, изјави Нимиц во Атина


Посредникот Метју Нимиц

Посредникот Метју Нимиц


Специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Метју Нимиц, денеска во Атина изрази оптимизам дека спорот меѓу Македонија и Грција за името може да биде решен. Убеден сум, повеќе од кога било досега, дека решението е поблиску, иако не верувам во крајни рокови, изјави Нимиц по средбата со грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани. Нимиц ни во Атина не изнесе детали во врска со понудените измени на предлогот од октомври, кој според медиумите и во Македонија и во Грција, е името Северна Република Македонија.
Оценката на посредникот на ОН во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц дека Македонија покажала конструктивност во преговорите, е порака и до Македонија и до Грција, засилено да работат на решавање на спорот, сметаат дел од експертите. Професор
Изразениот оптимизам е порака сам по себе, порака за тука внатре во Македонија да се охрабрат властите да продолжат понатаму
Мерсел Биљали вели дека и умерениот оптимизам на Нимиц е во таа насока.

„Изразениот оптимизам е порака сам по себе, порака за тука внатре во Македонија да се охрабрат властите да продолжат понатаму. И понатаму порака за Грците, затоа што според сите индикации Грците планираат предвремени избори и не се многу волни ова прашање да го решат, така што пораката до нив дека вината за евентуален неуспех на преговорите е кај нив.“

Професор Љубомир Фрчкоски
Биљали посочува дека ако Македонија покаже конструктивност, ќе го префрли меѓународниот притисок врз Грција.

„Многу е важно да покажете конструктивност, добра волја и желба да ги решите проблемите. Мислам дека после ова ако Грците не покажат јасна волја да го решат проблемот, посилниот притисок ќе се пренасочи кон нив.“
Дали ние сме ја префрлиле топката на грчка страна, па тие ни ја вратиле, ве молам, тој тип расправа не води никаде повеќе. Ние мора да расправаме и дали една и друга страна покажала конструктивност не е важно. Сега мора да излеземе со решение. Новото решение, во пакет како ќе изгледа е она што не интересира да го видиме


Тоа е тактички добар потег, вели Биљали.

„Ретко добрите игри што ги прави владата е и ова, јас ја сметам за случајност.“

Според информациите со кои располагаме, предложените измени од Нимиц ќе се разгледуваат на координативна средба на државниот врв, на која треба да се одлучи како ќе постапува македонската Влада во иднина. Поранешниот шеф на дипломатијата професор Љубомир Фрчкоски вели дека пораката за конструктивност не значи ништо. Не е време за дипломатски игри, вели Фрчкоски.

„Дали ние сме ја префрлиле топката на грчка страна, па тие ни ја вратиле, ве молам, тој тип расправа не води никаде повеќе. Ние мора да расправаме и дали една и друга страна покажала конструктивност не е важно. Сега мора да излеземе со решение. Новото решение, во пакет како ќе изгледа е она што не интересира да го видиме.“

Тој вели дека Македонија не може да се занимава со прашањето „Што ако Грција не сака да го реши проблемот?“, туку дека треба да инсистира на решение од кое зависат евроинтеграциите на земјава.

„Ако немаме партнер на другата страна ќе биде виша сила, како да удрил гром, не може да влијаете на тоа и да се бавите со тоа.“

И професор Имер Исмаили се сомнева дека меѓународниот притисок може да се префрли врз Грција.

„Би сакал дипломатски вината да се префрли на грчка страна, иако скептичен сум дека тоа може да се случи имајќи го предвид влијанието на Грција во ЕУ, па и САД.“

По вчерашната посета на Скопје, Нимиц денеска се среќава со властите во Атина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG