Достапни линкови

logo-print

Нова зграда, стари проблеми?


Скопје

Скопје

Поедноставни процедури, подобри услуги, намален рок за запишување и издавање податоци, ова требаше да им го понуди новата агенција за катастар на недвижности на граѓаните. Но наместо да им заштеди и време и нервози, како што беше случајот во стариот
Многу се кратки роковите за запишување, со тоа што и роковите за запиштување и роковите за издавање податоци ќе мора да бидат поддржани со новиот електронски систем. Ќе работиме паралелно и на новиот систем, и на постојниот, да одбегнеме можноста од евентуални пропусти и грешки со кои би се одбегнале негативни последици
катастар, каде чекаа со месеци па дури и со години да ги добијат потребните документи за својот имот, повторно истата приказна. И сега граѓаните кои доаѓаат и во новиот катастар велат дека тој не ги понудил очекуваните резултати, зградата е нова но проблемите стари.

„Никој нема кој да ти објасни, пет пати одам, информација нема.“
„Многу бараат, катастрофа жива.“
„Трет пат ми е сега, барање дадов, па ми дадоа бројче, па сега да го земеш, име да смениш, навистина не вреди.“

Од катастарот пак не се сложуваат со граѓаните. Тие велат дека за разлика од порано им овозможуваат на луѓето запишување на правата на недвижностите за еден до три дена. Но дека работата ќе биде поефикасна со новиот електронскиот систем, кој треба да се воведе во наредните месеци вели Неша Петрушевска од катастарот во Скопје.

„Многу се кратки роковите за запишување, со тоа што и роковите за запиштување и роковите за издавање податоци ќе мора да бидат поддржани со новиот електронски систем. Ќе работиме паралелно и на новиот систем, и на постојниот, да одбегнеме можноста од евентуални пропусти и грешки со кои би се одбегнале негативни последици.“

Електронскиот систем во катастарот требаше да се воведе до почетокот на оваа година, а се подготвува уште од 2005. Град Скопје апелираше до нив и дека е неопходно барем на фирмите дали домашни или странски, кои сакаат да инвестираат во Македонија да им се олесни процедурата за добивање на документи, бидејќи тоа оди во прилог на граѓаните и земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG