Достапни линкови

Политичките процеси ,,лет во место"


Собрание на Република Македонија

Собрание на Република Македонија

Немањето дебата и политички дијалог меѓу власта и опозицијата, ги забавуваат политичките процеси, односно го кочат решавањето на приоритетните прашања, како спорот со името и влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, сметаат експертите.

Политичките процеси се лет во место. Спорот со името со Грција , поканата за членство во НАТО и евроинтеграциите се приоритети со години и никако не се решаваат, велат експертите. Состојбите со одвивањето на политичките процеси ја загрижуваат и меѓународната заедница. Тоа го потврдува и извештајот на ЕУ за минатата година во кој пишува дека во Македонија отсуствува парламентарен дијалог. Токму во недостигот на политичка дебата меѓу власта и опозицијата лежи причината за бавноста на политичките процеси, вели
Сметам дека е во прашање ниската политичка култура, што ја имаме пред се политичките партии и политичарите. Ние меѓу себе не разговараме, ние се мразиме
професорот Јетон Шасивари.

,,Од друга страна и апсолутната власт што е концентрирана во рацете на ВМРО ДПМНЕ како доминантна партија, исто така во повеќе случаи се јавува како кочничар на политичките процеси и сето ова зборува за недостиг на потребната политичка клима за придвижување на политичките процеси напред."

Вели Шасивари.
Состојбите во Македонија се такви што секоја партија кога е на власт е критички настроена кон она што го правела претходната партија, и наместо на преден план да се става државниот интерес, секогаш се ставаат личните придобивки, објаснува пратеникот Тито Петковски.

,,Сметам дека е во прашање ниската политичка култура, што ја имаме пред се политичките партии и политичарите. Ние меѓу себе не разговараме, ние се мразиме, аргументите не се за борба на идеи, проекти, туку за дискредитација, дисквалификација и секогаш мислиме
Од друга страна и апсолутната власт што е концентрирана во рацете на ВМРО ДПМНЕ како доминантна партија, исто така во повеќе случаи се јавува како кочничар на политичките процеси
дека се од нас почнува. Сега сме ние на власт и од нас ќе почне."

Спорот за името со Грција е политички процес кој трае со години. Странските притисоци за изнаоќање на решение особено се интензивираат во последно време. Политикологот Жидас Даскаловски вели дека не постојат рокови за наоѓање компромис. Сепак, посочува тој, ова прашање го кочи понатамошното проширување на НАТО и затоа неговото решавање е од витален интерес за САД.

,,Од друга страна ова прашање го кочи и проширувањето на ЕУ на Балканот индиректно и на тој начин овозможува да продолжи таа нестабилност во регионот, каде што сепак европската интеграција е единствениот механизам за стабилизација на состојбите и нормало дека што поскоро тоа се случи, толку подобро за сите заинтересирани страни."

Решавањето на политичките процеси и развивањето на политичката дебата, можат да ја променат кон подобро сликата за Македонија, што ја има меѓународниот фактор, се согласуват експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG