Достапни линкови

Почнува Самитот на Г-8


Во италијанското место Аквила денеска почнува тридневен самит на лидерите на седумте најразвиени земји во светот и на Русија- Г8, кој ќе биде посветен на светската економија и на борбата против климатските промени и сиромаштијата. На самитот, на кој ќе присуствуваат лидерите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Канада, Русија, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и претставник на Шведска како претседавач на ЕУ, ќе стане збор и за ситуацијата на Блискиот исток, во Иран, Северна Кореја, како и за тероризмот и ширењето на нуклеарното оружје. Местото Аквила, каде што се одржува Самитот, во април годинава беше погодено од катастрофален земјотрес, во кој загинаа околу 300 лица.
XS
SM
MD
LG