Достапни линкови

logo-print

Во Белград средба Цветковиќ- Абас


Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој престојува во официјална посета на Србија, денеска во Белград ќе се сретне со премиерот на оваа земја Мирко Цветковиќ. Главни теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, блискоисточната криза и ситуацијата на Балканот. Станува збор за прва посета на Србија на еден палестински лидер по 1989 година, кога Јасер Арафат учествуваше на Самитот на неврзаните во Белград.
XS
SM
MD
LG