Достапни линкови

Протести на имигрантите во Грција


Грчката полиција употреби солзавец и заслепувачки гранати против учесниците во проимигрантскиот протест во центарот на Атина, каде што избувнаа судири. Повеќе од 3.000 лица учествуваа на демонстрациите во Атина и Солун во знак на протест против плановите на Владата да ги зајакне мерките за борба против нелегалната имиграција. Овие мерки вклучуваат зголемување на рокот за притвор на нелегалните имигранти од три месеци на една година. Освен тоа властите размислуваат и за создавање центри за притвор во поранешни воени бази во Грција.
XS
SM
MD
LG