Достапни линкови

Еднонасочниот сообраќај создава поголем метеж во Куманово


Куманово

Куманово

Неодамна воведениот еднонасочен сообраќај на повеќе сообраќајници во Куманово, особено во централното градско подрачје не само што не го намали, туку се чини создава уште поголем сообраќаен метеж. Сообраќајната полиција во соработка со локалната самоуправа на возачите им овозможи три седмичен период за навикнување, но по се изгледа ниту тоа не се покажа како соодветно решение. Факт е дека во Куманово не постои сообраќајна култура,поради што најчесто страдаат послабите, пешаците, децата, старите лица, мотоциклиситте и велосипедистите. Од една страна на улиците се паркирани возила,а низ улицата регулирана за еднонасочен сообраќај не ретко се забележуваат возачи на џипови, или други видови силни моторни возила кои со брзина и до сто на час прелетуваат не водејќи сметка за последиците. Законот излгеда за нив е најмалата опасност.

Валентина Николовска началник на Одделот за аналитика во СВР Куманово за ова вели:

,,Полицијата е надлежна за регулирање на сообраќајот,но зголемениот обем на сообраќајот поради големиот прилив на луѓето што работат во странство кои лете доаѓаат дома создаваат метеж."

Еднонаочниот сообраќај не се почитува.

Што работи полицијата?

,,Полицијата не може секој момент и на секое место во градот Куманово да биде.Се случуваат многу сообраќајни незгоди и затоа сообраќајната полиција се повеќе се ангажира околу сообраќајните увиди.Затоа не може на секоја улица полицијата да биде присутна кога се прават прекршоци."
вели Николовска.Началникот на Секторот за урбанизам во локалната смаоуправа Лидија Ланг Спасовска вели дека тие ја следат состојбата на теренот заедно со надлежните органи за сообраќај во Општината Куманово. Работат на тоа клучните точки во центарот на градот да ги елиминираат со одредени мали измени на елаборатот за еднонасочен сообраќај.

,,Очекуваме дека веќе во септември ќе се елиминираат сите проблеми."

вели Ланг Спасовска и додава дека ефикасно и трајно решение за надминување на проблемот во сообраќајот се катните гаражи кои повеќе од деценија се најавуваат,а сеуште нема ништо на повидок.

,,Предвидени се неколку локалитети за тоа. Едната е на Зелениот пазар додека останатите планирани се на неекспроприрани имоти и имаме проблем во имотно правни односи.Секторот за урбанизам предвидува нова катна гаража со нов детален урбанистички план на самиот плоштад,во близина на Центарот за култура."

До изградба на катните гаражи веројатно ќе помине уште многу време. А до тогаш кумановци можеби ќе треба и малку повеќе да се здобијат со сообраќајна култура. Сите критикуваат,а малкумина се однесуваат како што тоа е неопходно за ред во сообраќајот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG