Достапни линкови

Фратини: ЕУ наскоро ќе ги укине визите за Србија, Црна Гора и Македонија


Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини денеска во Букурешт изјави дека Европската унија наскоро ќе го либерализира визниот режим со три држави од Западен Балкан-Србија, Црна Гора и Македонија. „Се надеваме дека за неколку недели ќе можеме да ги укинеме визите за три држави од Балканот, прво за Србија, Македонија и Црна Гора, не заборавајќи ги Албанија и Босна и Херцеговина“ рече Фратини на прес конференцијата со шефот на романската дипломатија Кристијан Диаконеску. Како што пренесе романската агенција Аџерпрес, Фратини, исто така, изјави дека Италија и Романија „делат исти идеи во поглед на западен Балкан“.
XS
SM
MD
LG