Достапни линкови

Опозицијата во Албанија нема да ги признае изборнирте резултати ?


Лидерот на албанската опозициска Социјалистичка партија, Еди Рама изјави дека социјалистите нема да ги признаат изборните резултати, доколку, како што рече, „им биде украден деветиот мандат во Фиер“.Коалицирањето на левичарското Социјалистичко движење за интеграција на Илир Мета со конзервативната Демократска партија на премиерот Сали Бериша, Рама уште еднаш го оцени како предавство. Претходно, претседателот на Националното собрание на Социјалистичката партија, Грамоз Ручи најави масовни протести низ целата територија на земјата.
XS
SM
MD
LG