Достапни линкови

Два нови случаи со симптоми на свински грип во Македонија


На Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминатото деноноќие се примени два нови случаи со симптоми на грип од типот А (Х1Н1). Како што соопшти Министерството за здравство, првиот пациент е од Босна и Херцеговина. Toj вчера пристигнал во Скопје. Другиот пациент од Германија допатувал во Македонија пред два дена. Двајцата се примени на Клиниката со симптоми на грип и со зголемена телесна температура.
XS
SM
MD
LG