Достапни линкови

Нимиц со измени на октомврискиот предлог за името


Прес конференција на посредникот Метју Нимиц
Прес конференција на посредникот Метју Нимиц
Посредникот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц соопшти дека на денешните разговори со македонскиот државен врв во Скопје предложил одредени измени на последниот предлог за името од октомври минатата година. Запрашан за какви измени
Направив некои измени во мојот октомвриски предлог и ја замолив владата да го разгледа целиот овој пакет, со измените. Тоа е нешто што го дискутиравме во детали и тие треба сериозно да го разгледаат
станува збор, тој не изнесе детали, бидејќи, како што рече, на јавноста не и го соопштил ни предлогот.

Посредникот Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски
„Направив некои измени во мојот октомвриски предлог и ја замолив владата да го разгледа целиот овој пакет, со измените. Тоа е нешто што го дискутиравме во детали и тие треба сериозно да го разгледаат.“

На прес конференцијата по завршувањето на средбата со Премерот Никола Груевски Нимиц рече дека целта е наоѓање достоинствено решение што ќе овозможи комфорт на двете страни и ќе го зачува идентитетот на државата и ќе ги реши тешките прашања во регионот.

„Мислам дека некои од идеите го приближуваат овој проблем кон начин кога двете страни ќе речат не е совршено, но има смисла, ова е трајно, засекогаш, и ова е добро решение за проблемот и ќе живеееме како соседи засекогаш. Наидов на конструктивен приод од овдешната Влада и се надевам дека ќе имам слична дискусија и во Грција.“

Тој ги оцени средбите со државниот врв како продуктивни.

Посредникот Метју Нимиц на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов
„Овие средби беа многу продуктивни. Имам чуство, сега повеќе отколку во минатото, дека се случува доволно за да мислиме дека
Мислам дека луѓето треба да бидат спокојни во врска со тоа дека се работи само за името, а не за идентитетот
можеби можеме да имаме некаков вид на решение. Имам добар впечаток од овдешните состаноци. Заминувам за Атина на состаноци со тамошната влада, да го чујам нивниот став.“

Посредникот, сепак, дипломатски избегна да даде конкретен одговор, дали за Грција се прифатливи термините македонски народ и македонски јазик.

„Зборуваме, пред се, за името на државата. Јас не сум чул ни еден владин претставник од Грција да го негира постоењето на посебен народ и посебен јазик. Се занимавам со овој преблем веќе 15 години, од 1994 година и јас знам дека оваа држава има идентитет и дека има јазик. Мислам дека никој во светот не го оспоруваа тоа. Постојат одредени прашања за референците во англискиот јазик и за англиската транскрипција. Мислам дека луѓето треба да бидат спокојни во врска со тоа дека се работи само за името, а не за идентитетот.“

Освен со Груевски Нимиц денеска се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов, а вчера имаше средба со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. По Скопје, Нимиц заминува за Атина каде, според грчките медиуми, ќе биде примен од министерката за надворешни работи Дора Бакојани и од преговарачот Адамантиос Василакис
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG