Достапни линкови

Нимиц: Владата да се изјасни за предложените измени на прeдлогот за името


Медијаторот на Обединетите Нации за спорот со името Метју Нимиц денеска изјави оти предложил одредени измени на октомврискиот предлог и побарал од Владата да размисли за овој пакет во целина, заедно со измените. Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски не изнесе детали за измените за кои попладнево во Атина ќе разговара и со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани.
XS
SM
MD
LG