Достапни линкови

Руски критики за резолуција на ОБСЕ


Руските власти денеска оспорија резолуција на Европската Унија која го споредува Сталин со Хитлер, додавајки дека двајцата лидери дале еднаков придонес за почеток на Втората светска војна. Минатата недела Организацијата за безбедност и соработка во Европа побара 23 август да се прогласи за ден на сеќавање на жртвите на сталинизмот и нацизмот. Руските власти соопштија дека резолуцијата на европската организација е „директна навреда на сеќавањата на милиони загинати советски војници“.
XS
SM
MD
LG