Достапни линкови

Нимиц на средби со Иванов и Груевски


Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски
Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц попладнево на одвоени средби ќе разговара со претседателот Иванов и премиерот Груевски. Експертите очекуваат дека медијаторот ќе се задржи на решенијата за компромисно име со географска одредница.

Посредникот на ОН во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц, претпладнево, на одвоени средби, разговара со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Дел од аналитичарите, вчера, за нашето радио, коментираа дека со одделните средби се испраќа лоша порака и се покажуваа дека владејачката структура во Македонија, се уште, нема изградено заеднички став околу нужноста за компромис. Ниту во Владата, ниту во Кабинетот на Претседателот, пред средбата, не сакаат да коментираат што очекуваат од посетата на посредникот Нимиц на земјава. По средбата со Груевски, предвидено е Метју Нимиц да даде изјави за медиумите. Тој,
Тој недоаѓа со ништо ново освен тие веќе познати, Северна Република Македонија, Република Македонија Скопје и други слични географски предлози и доколку се дискутира за нив ќе се дискутира за конкретен предлог
вчера попладне, се сретна со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. По средбата, која траеше речиси час и половина, Нимиц не одговори дали дошол во Македонија со нов предлог.

,,Можам само да кажам дека имавме многу добра и содржајна средба со Министерот за надворешни работи, но околу ова ќе зборувам утре, а не денеска."

Аналитичарот Никола Сталевски од Центарот за истражување и креирање политики вели дека Нимиц ќе се задржи на познатите решенија за компромисно име со географска одредница.

,,Тој недоаѓа со ништо ново освен тие веќе познати, Северна Република Македонија, Република Македонија Скопје и други слични географски предлози и доколку се дискутира за нив ќе се дискутира за конкретен предлог. Тоа што може да се случи и треба да се случи, е да има консолидиран притисок, притисок веќе има цело време, но да има еден интензивен притисок од страна на нашите американски и европски партнери врз македонската и грчката влада, да седнат и да го решат тој проблем."

По Скопје, Нимиц заминува за Атина каде, според грчките медиуми, ќе биде примен, на пониско ниво, односно од министерката за
Средба со медијаторот, значи дека сериозно сакаат да слушнат што има да им каже, а и дека серизно ќе му кажат нешто
надворешни работи Дора Бакојани и од преговарачот Адамантиос Василакис. Сталевски вели дека средбата со државниот врв значи дека сериозно се дискутира за нешто.

,,Тоа воопшто не значи дека има отвореност од наша страна или дека е помрднато прашањето понатаму во било која од клучните точки во самиот договор. Средба на претседателот на владата и претседателот на државата со медијаторот, значи дека сериозно сакаат да слушнат што има да им каже, а и дека серизно ќе му кажат нешто."

Пред две недели, Нимиц, во Женева, се сретна со амбасадорите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Женевската рунда преговори беше подготовка за сегашните средби во Скопје и во Атина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG