Достапни линкови

Нимиц во Македонија, средби со Иванов и со Груевски


Посредникот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц, кој вчера допатува во Скопје, во текот на денов ќе има одделни средби со претседателот на РМ Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Вчера тој се сретна со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, но својата изјава за медиумите ја најави за денеска. Нимиц потоа заминува за Атина, каде што ќе биде примен од шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани и од преговарачот Адамантиос Василакис.
XS
SM
MD
LG