Достапни линкови

Дејвид Брн е музичар, концептуален уметник, писател, блогер, сопственик на издавачка куќа каква што е потентната Луака Боп . фотограф, режисер, добитник на Оскар, пауерпоинт-ентузијаст, вљубеник во велосипедизмот, еден од врвните интелектуалци кои ја вообличија њујоршката сцена од втората половина на 1970-те и почетокот на 1980 години, пејач, гитарист и композитор во култните ТОКИНГ ХЕДС, конечно и силен промотор на современата светска музика. По, седум години од настапот на ОФ-ФЕСТ кога го свиреше материјалот забележан на албумот Look Into The Eyeball, Брн доаѓа во Скопје во рамките на својата светска турнеја насловена како Песните на Дејвид Брн и Брајан Ино. Поводот за оваа негова нова серија на концертни настапи е минатогодишната заедничка објава со Ино насловена како Everything That Happens Will Happen Today, албум кој сосема солидно помина и кај публиката и кај критиката. Инаку, по неколкуте класични албуми на ТОКИНГ ХЕДС како на пример Fear of Music или Remain in Light на кој Брајан Ино беше
На оваа наша нова плоча јас не донесов ништо епохално освен што го реактивирав она што еднаш минало низ мене. Отакако ги добив лентите од Брајан , а ги имаше навистина доста, правев нешо што не е далеку од постапката на традиционалните композитори, кои ја делеле својата дејност на работа на музиката и работа на стиховите
продуцент, од извонредно големо значење за современата музика воопшто е нивната соработка врз проектот My Life In The Bush Of The Ghosts обелоденета во сега далечната 1981 година.

По цели 25 години, во миговите на возобнување на релациите помеѓу обајцата креативци, најнапред беше објавено дополнетото издание на споменатиот албум, за да непосредно потоа на интернет биде сервирана веста дека Брн и Ино повторно влегуваат во студио и ќе работат на нов материјал меѓутоа на еден поинаков начин. Кога, денес Брн го објаснува овој процес на креирање на музиката и реакциите што произлегле знае да забележи:

,,На оваа наша нова плоча јас не донесов ништо епохално освен што го реактивирав она што еднаш минало низ мене. Отакако ги добив лентите од Брајан , а ги имаше навистина доста, правев нешо што не е далеку од постапката на традиционалните композитори, кои ја делеле својата дејност на работа на музиката и работа на стиховите. Единствено што во овој случај јас продолжив да ја моделирам музиката и и додадов стихови. Овој пат правењето музика за мене беше еден вид игра, но многу сериозна игра. Можеби начинот на пеењето е она што е најважно, бидејѓи тука нема веќе пеење во традиционална смисла на зборот, се е емоција, истовремено мерење на тонови и на стихови."

На актуелната светска турнеја Брн ќе настапува со голема група на изведувачи, танчери и техничари. Покрај него како вокалист и гитарист на сцената ќе бидат Марк Дигли Ентони на клавијатури, Пол Фрејзер на бас, Мауро Рефоско на перкусии и Грем Хаутхорн на тапани . Во Скопје, тој доаѓа по концертот во Атина, а потем ќе музицира и во Белград и во Љубљана. Организатори на концертите во земјите од поранешна Југославија се Авалон продукција, а притоа особено е важно дека уметникот своите перформанси ќе ги почнува точно во определенотот време што е практика во светот, но се коси со овдешните поимања за навремено доаѓање на било каков културен настан.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG