Достапни линкови

Слободни денови, наместо пари за дежурства


Медицински центар Битола

Медицински центар Битола

Битолските лекари негодуваат, затоа што од неодамна им се укинати платените дежурства, а наместо пари ќе добиваат слободни денови. Менаџментот на болницата мерките ги правда со порационално работење

Сменското работење на лекарите од битолската болница на свој грб го чувствуваат пацинетите. Откако менаџментот ги укина дежурстватата на лекарите со образложение дека по тој основ се трошеле многу пари за плати, медицинскиот персонал сега работи на смени за кои наместо пари добиваат слободни денови. Лекарите кои останаа со покуси плати најавија дека летово пацинетите не ќе можат да добијаат соодветна здравствена грижа зашто смените се воведуваат во период на одмори, кога нема доволно персонал за работа.

,,Затоа и мојот апел до нашите ценети пацинети во текот на летото да не очекуваат зголемен капацитет на услуги бидејќи ќе работиме со минимален капацитет. Во одредени служби навечер нема да има лекари, во наредните три месеци нема да има редовен хирушки програм. Но, за се што е итно, ургентн, ќе се снаоѓаме со повици од дома"

вели доктор Гоце Чакаровски од Синдикатот на лекари.

Во едно деноноќие треба да има две смени, а во нив да работат барем по тројца лекари. Но, ете како во моментот течи сменската работа во болницата.

,,Во Гинекологија имаме двајца лекари во прва смена. Ни се јавува итен царски рез и влегуваме во сала. За следните 20 минути не знаеме што може да се случи. Може да дојде жена со проблематична бременост и да искрвари. Кој ќе ја сноси одговорноста? Јас не. Во Педијатрија еден педијатар ќе има за 200 илјади жители. Нема друг навечер. И дали тие на Педијатрија ќе можат да издржат 12 саати"

прашува Чакаровски.

Директорот на болницата, Димче Кумановски вели дека дежурствата морале да ги укинат зашто се збирале полеми трошоци за плати кои болницата не можела да ги исплати.

,,Револтот кај лекарите е оправдан зашто им се намалуваат приходите кои ги добиваат. Но, јас како менаџер на оваа клиничка болница не смеам да дозволам парични средства кои се наменети за лекарства, медицински материјали и тековни трошоци за струја и вода да ги пренасочувам во плати на лекарите"

обајснува Кузмановски.

За едно дежурство со ноќна работа лекарите добиваа по 1200 денари, а во такот на месецот дежураа повеќе пати со што добиваа посолидни плати.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG