Достапни линкови

logo-print

Русија и САД се согласија за намалување на нуклеарните арсенали


Рускиот Претседател Димитриј Медведев и американскиот Претседател Барак Обама денеска потпишале декларација која заменување на спогодбата СТАРТ од 1991 година. Обама изјави дека двете земји ќе се обврзат за намалување на своите нуклеарни арсенали
„Потпишавме заедничко разбирање за нова спогодба која ќе го замени договорот СТАРТ, со што двете земји ќе ги намалат своите нуклеарни арсенали за повеќе од една третина. Договорот ќе биде потпишан до крајот на годинава“ рече Обама. Рускиот претседател Димитриј Медведев изјави дека двете земји се уште не ги усогласиле ставовите за американскиот антиракетен систем во Европа. Инаку, спогодбата СТАРТ ги обврзува двете земји да да го намалат својот нуклеарен арсенал, а важноста на првобитниот документ истекува кон крајот на годинава. Дополнително, Русија ги овласти американските авиони да го користат рускиот воздушен простор за транзит на американски војници и оружје во Авганистан.
XS
SM
MD
LG