Достапни линкови

Нови случаи на свински грип на Универзијада во Белград


Уште двајца учесници на меѓународниот спортски настан „Универзијада“ во Белград заболеле од новиот грип А (H1N1), попознат како свински грип. Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми на 21 лице. Тоа е за шест случаи повеќе од петокот, кога беше објавен последниот извештај на здравстените власти. Освен заболениот спортист од Австралија, кај кого беше констатиран грипот минатата седмица, од новиот грип заболеле и двајца спортисти од Уганда и Аргентина.
XS
SM
MD
LG