Достапни линкови

logo-print

Екс - министерот за здравство Димов уапсен во Варшава


Поранешниот министер за здравство Владимир Димов вчера e лишен од слобода на аеродромот во Варшава, Полска. Македонското Министерство за Внатрешни работи денеска потврди дека има добиено известување од интерпол во Варшава дека Димов е упасен врз основа на меѓународна потерница распишана на 25 март годинава. Инаку, за Димов е распишана потерница по наредба на Основниот суд во Струмица. Екс - министерот е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување.
XS
SM
MD
LG