Достапни линкови

Медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц на одделни средби со државниот врв во Скопје попладнево и утре. Според експертите, многу понормално е Нимиц да има средба со држаниот врв заедно

Специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот за името со Грција Метју Нимиц, денеска, пристигнува во Скопје.
Предвидено е, попладнево, Нимиц да се сретне со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Средбата со претседателот Ѓорге Иванов е закажана за утре, а веројатно, Нимиц, утре, ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски.
Владеачката структура во Македонија сеуште нема изградено заеднички став околу нужноста за компромис


Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски вели дека, наместо одделни средби би било понормално преговарачот да има средба само со еден претставник или пак со сите заедно.

,,Ова докажува дека владеачката структура во Македонија сеуште нема изградено заеднички став околу нужноста за компромис."

Поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малески
Поранешниот премиер и сегашен пратеник од Социјалдемократскиот сојуз Владо Бучковски вели дека одделните средби на државниот врв со Нимиц испраќаат лоша порака.

,,Мислев дека претходно заради разликите меѓу Груевски и Црвенковски имаше логика да нема заеднички средби, но сето она што сега се случува остава впечаток дека работите не се онака синхронизирани како
Мислев дека претходно заради разликите меѓу Груевски и Црвенковски имаше логика да нема заеднички средби, но сето она што сега се случува остава впечаток дека работите не се онака синхронизирани како што се мислеше дека може да бидат во момент кога апсолутната власт е во рацете на ВМРО ДПМНЕ
што се мислеше дека може да бидат во момент кога апсолутната власт е во рацете на ВМРО ДПМНЕ"

Пратеникот Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека Македонија има јасна позиција во однос на името.

,,На одговорни позиции имаме одговорни луѓе и сметам дека Република Македонија веќе подолг период има јасни позииции во спорот, без разлика на мислењата и толкувањата не некои така наречени експерти, коишто практично се припадници на политичката левица во Република Македонија, а често ја злоупотребуваат можноста да излегуваат во медиумите."

Аналитичарот Сем Вакнин, повикувајќи се на сигурни извори во Стејт департментот, изјави дека Грција ќе се обиде да ја зацврсти преговарачката позиција во спорот за името и да го намали се поголемиот притисок од страна на САД за брзо решавање на спорот, со економски пакет вреден околу половина милијарда евра.
Малевски вели дека Македонија, упорно, „паѓа на вакви штосови“. Не знам кои се мотивите за ваква изјава, вели Малевски, но зошто никој не го праша Вакнин што е со неговото предвидување, од пред една година, дека спорот е готов и дека има решение во ОН.

Поранешниот премиер Владо Бучковски
,,Ако погрешил еднаш, зошто му се дава шанса на овој начин да ја вознемирува јавноста и втор пат? Бидејќи начинот на кој го соопшти е начин на којшто јавноста се крева на бунт и вели нема никој да не купи со пари."

Во саботата, за МТВ Нимиц оцени дека доколку двете страни се флексибилни може да се најде решение за спорот до крајот на годинава. По Скопје, Нимиц патува за Атина, каде, според тамошните медиуми, ќе се сретне со министерката за надворешни работи Дора Бакојани и со преговарачот Адамантиос Василакис.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG