Достапни линкови

Уапсен бугарскиот заменик министер за вондредни состојби


Бугарскиот заменик министер за вондредни состојби Александар Филипов е приведен под сомнение за купување на гласови на вчерашните парламентарни избори. „Заменик-министерот Александар Филипов подолго време е следен“ изјави обвинителот во Софија, Николај Кокинов, додавајќи дека со него се приведени и други лица, но не прецизира дали тие се вработени во Минисетрството за вондредни состојби. Кокинов истакна дека Филипов ќе биде во протвор 72 часа, а потоа ќе биде покренато обвинение против него.

XS
SM
MD
LG