Достапни линкови

Преквалификација решение за невработеноста?


Невработени

Невработени

Малкумина од луѓето кои со години чекаат работа, се одлучуваат да се прекфалификуваат за да станат поконкурентни на пазарот на трудот, се согласуваат и од невработените и од Агенцијата за вработување. Во периодот на транзиција кога се затворија многу фабрики, една категорија на луѓе и со повеќе од 15 години стаж останаа без работа. Дел од нив успеале повторно да се вработат но остантите сеуште се пријавуваат во Агенцијата за вработување но велат дека веќе не се надеваат дека ќе дојдат до каква било работа. Се пријавуваат единствено за да можат да земаат сини картончиња со кои се потврдува дека се здраствено осигурани.
И преквалификацијата не гарантира дека може да се ублажи проблемот на луѓето кои останале без работа. Од страна на надлежните служби за ова прашање нема којзнае колку голем ангажман


,,Искрено да ви кажам јас од 1994 се пријавувам, до ден денеска никогаш работа не ми дале. Имам само основно училиште завршено и не можам никаде. Со основно што да се преквалификувам?"
,,Да ви кажам право сега и да ми дадат не би одела, затоа што снагата отпаднала, тогаш да имало во екот, сега веќе 53 години, здебелена, отапена, седиш, не работиш."
,,Се пријавувам, конкурирам, што ми останува друго?"

Од Агенцијата за вработување велат дека имаат проекти со кои работата на намалување на вработеноста. Дел од тие проекти се и за прекфалификација на повозрасните невработени.

,,Обуки во работните клубови за стекнување знаење и вештини за странски јазици и компјутери. Исто така, обука за одделни занимања и вештини кои се дефицитарни на пазарот на трудот и програми за едукација за започнување на бизнис,"

вели Вељка Јуран од Агенцијата за вработување

Проблемот со невработеоста подеднакво ги напаѓа сите возрасни групи, вели социологот Ѓорги Тоновски. Но проблемот претставува тоа што повозрасните кои останале без работа, имаат песимистички гледишта и малку размислуваат за прекфалификација, вели Тоновски.

,,И преквалификацијата не гарантира дека може да се ублажи проблемот на луѓето кои останале без работа. Од страна на надлежните служби за ова прашање нема којзнае колку голем ангажман."

Од 350 илјади невработени, околу 26 проценти се лица на возраст од 25 до 34 години, додека неквалификувани и полуквалификувани лица има дури 52,6 проценти.. Повеќе од 30 проценти од невработените, пак, работа чекаат осум и повеќе години.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG