Достапни линкови

Евроинтеграциите приоритет на Владата?


Поранешниот вице премиер за евро интеграции Ивица Боцевски

Поранешниот вице премиер за евро интеграции Ивица Боцевски

Државниот секретар во секретарјатот за евро интеграции Перо Димишовски вели дека полека самите си ја затвораме вратата за почеток на преговорите со ЕУ. Тој додава - ,,потребен е премиер за евро интеграции"

Доколку влегувањето во Европа е приоритет на премиерот тој така ќе ја постави работата на Владата во овој период. Акциони планови повеќе не се доволни, сега треба и да се оствари тоа на што се согласивме, вели в.д државниот секретар во секретаријатот за
Тој направи колку што можеше да направи колку што му се даде да сработи. Јас затоа велам, сега не само што ни треба вице премиер за евро интеграции, туку ни треба и премиер за евро интеграции
евроинтеграции, Перо Димшовски предупредувајќи дека во моментов сме во состојба во која полека ги губиме шансите и самите си ја затвораме вратата за почеток на преговорите со ЕУ.

,,Треба да видиме еднаш дали приоритет ни е членството во ЕУ или не. Во овој период е јасно и знаеме што треба да правиме."

Вие го разбирате Боцевски?

,,Апсолутно, оставката беше многу јасна. Тој направи колку што можеше да направи колку што му се даде да сработи. Јас затоа велам, сега не само што ни треба вице премиер за евро интеграции, туку ни треба и премиер за евро интеграции. Премиер за евро интегрции значи дека главната агенда на Владата во следните два месеци ќе биде она што е напишано во акциониот план. А, Европската комисија беше многу децидна, и тоа го знае и премиерот. Вас повеќе не ве вадат акциони планови, сега гледаме што точно работите."

Најголемата одговорност Димшовски ја лоцира во Владата и во министрите и е на мислење дека европската агенда може да биде исполнета во оваа фаза само доколку таа стане вистински приоритет на Владата.

Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов
Четири закони во делот на усогласеноста на македонското законодавство со европското се минимум од агендата што е услов да добиеме позитивен извештај од ЕК на есен. Тоа се Законот за финансирање на политичките партии, Законот за државната администрација, законот за внатрешни работи и законот за Собранието. Постапката на донесување на сите овие закони кои се очекуваат до крајот на месецов во моментов на различни начини е забавена. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со сите таканаречени закони со европско знаменце се почитуваат роковите од националниот план.

,,Се обидуваме во рамките на тие рокови да ги донесуваме законите, бидејќи самите ги утврдивме роковите."

Андреј Жерновски од ЛДП вели дека Македонија е далеку од исполнувањето на обврските во овој дел:

,,Македонија е сеуште далеку од 90те проценти кои беа забележани од Боцевски за усогласување на нашето законодавство со европската."

Од европската агенда остануваат уште 60 закони коишто треба да се донесат.
Од Европската Унија многупати ја упатуваат пораката до Македонија, не е битно законите да се стават само на хартија, многу побитна е нивната директна имплементација и примена во интерес на граѓаните.
XS
SM
MD
LG