Достапни линкови

Русија и САД постигнаа декларација за нуклеарното разоружување


Русија и Соединетите држави постигнаа договор за заедничката декларација за нуклеарното разоружување што во Москва треба да ја потпишат претседателите Барак Обама и Дмитри Медведев, јави Интерфакс повикувајќи се на извори во руското министерство за надворешни работи. Белата Куќа вчера ја најави можноста двајцата лидери денеска да постигнат прелиминарен договор за нуклеарното разоружување.
XS
SM
MD
LG