Достапни линкови

Во немири во Кина, 140 загинати


Кинеските државни медиуми јавуваат дека 140 луѓе биле убиени, а околу 800 ранети во насилствата во западниот регион Синџијанг. Претходно агенцијата Синхуа објави дека во нередите во Урумчи, главниот град на регионот со мнозинско муслиманско население, познати како ујгури, загинале три лица. Демонстрантите барале истрага за тепачката меѓу муслиманите и припадници на кинеското население Хан во минатиот месец при што две лица загинале. Кинеските власти ги обвинија дисидентите во егзил дека ги натерале ујгурите да ги нападнат кинезите. Во провинцијата Синџијанг во централна Азији има над 8 милиони ујгури кои ги обвинуваат кинеске власти за политичка и верска репресија.
XS
SM
MD
LG