Достапни линкови

Опозицијата и Борисов победници на изборите во Бугарија


Опозициската десничарска партија ГЕРБ на софискиот градоначалник Бојко Борисов, според прелиминарните резултати, победи на вчерашните парламентарни избори во Бугарија. Според првичните резултати, партијата на Борисов освои 38,5 насто од гласовите, додека Социјалистичката партија на актуелниот премиер Сергеј Станишев освои околу 18 насто од гласовите. Станишев го призна поразот. На изборите излегоа околу 53 насто од запишаните избирачи.
XS
SM
MD
LG