Достапни линкови

За Словенија невкусни обвинувањата на Санадер


Претседателот на словенечката парламентарна комисија за надворешни работи Иво Вајгл изјави дека обвинувањата што на сметка на Словенија ги изрече поранешниот хрватски премиер Иво Санадер „ја прејдоа мерката на добриот вкус“. Санадер претходно и порача на Словенија дека „и покрај нејзината неевропска политика на уценување, нема да успее и Хрватска ќе влезе во ЕУ, а на крај и Словенија ќе мора да се согласи со тоа“. Вајгл рече дека Санадер нема лиценца да оценува што е, а што не е европско однесување. Мандатарката на новата хрватска влада Јадранка Косор, пак, изјави дека никакви радикални потези на Хрватска во однос на Словенија не доаѓаат предвид.
XS
SM
MD
LG