Достапни линкови

logo-print

Нимиц утре во Скопје


Специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц утре ќе пристигне во Скопје. Предвидено е утре попладне Нимиц да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. По Скопје Нимиц ќе отпатува и за Атина, каде според најавите од грчките медиуми ќе се сретне со министерката за надворешни работи Дора Бакојани и со преговарачот Адемантиос Василакис.

XS
SM
MD
LG