Достапни линкови

Ирак не сака да се гради вештачко езеро во Турција


Ирачките власти ги повикaа европските инвеститори да не го поддржуваат проектот за акумулирање на вештачко езеро во Југоисточна Турција, поради тоа што уште повеќе ќе се влоши ситуацијата со недостиг на вода во Ирак. Турција претходно соопшти дека ќе ја продолжи работата на проектот за вештачкото есеро Елсу на реката Тигар, инвестиција вредна 1,2 милијарди евра. Градежните работи беа прекинати пред шест месеци од страна на меѓународниот консорциум предводен од Австрија, Швајцарија и Германија поради проблеми со банкарските гаранции.
XS
SM
MD
LG